На спасувачи од Македонија, кои учествувале во евакуација на загрозеното население во Обреновац, сопственик на едно кафуле во Белград, не им дозволил да влезат и да се одморат, бидејќи биле нечисти, пренесе српски „Телеграф“.
Според зборовите на огорчените читатели на порталот, иако спасувачите биле во службени униформи, во кои претходно спасувале жртви во Обреновац, не им било дозволено да влезат и да се одморат.
-Не можев да верувам кога видов како на тие пожртвувани млади луѓе со кои разменив неколку пријатни реченици, сопствениците не им дозволија да седнат- вели читателката за „Телеграф“ и додава дека и покрај скандалозната одлука на сопственикот на белградското кафуле, македонските спасувачи мирно прифатиле да го напуштат објектот.
-Не влегоа во расправа. Откако безобрано ги истераа, тие се упатија во друг локал, а потоа во хостелот, од каде што утрото повторно се вратија на работните задачи во Обреновац- продолжи да раскажува таа.
Е. Г.