Македонски државјанин загина во сообраќајка со камион, придружуван од полициски конвој во Србија

Од:

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Србија, на потегот од Београд кон Добановци. Сударот се случил помеѓу автомобил и камион кој бил дел од конвој со полициска придружба. Македонецот бил на 35 годишна возраст.

Во истата несреќа која се случила синоќа, четири други лица се повредени и со Брза помош се пренесени на лекување. Се претпоставува дека несреќата ја предизвикал камионот од конвојот, но, како дошло до несреќата ќе утврдува истрагата.

„Во несреќата учествувале четири возила од конвојот меѓу кои бил и возач од Полска за кого се сомневаме дека ја предизвикал несреќата. Тој е задржан и одредено му е задржување до 48 часа, по што ќе биде спроведен во Обвинителството“, објаснува извор за српски „Курир“.

Инаку, камионите кои што транзитираат низ Србија имаат полициска придружба, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот кој зема замав на нивната територија. Камионите не можат да застануваат онаму каде тие сакаат, туку само на места предвидени за таа намена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Три жртви во страшна сообраќајка кај Бања Лука

А1он

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања