Секој ден е се потешко. Да немаше протести, можеби немаше никој да биде уапсен. Никој не контактираше со нас, ниту изрази сочувство. Не ни понудија ни психолошка помош, изјави Зорица Руман, мајката на Ангела (20) од Стара Пазова, која заедно со своето момче загина при уривање на настрешница во Нови Сад.
“Ова е страшно, неподносливо. Одам на гробиштата да и се извинам, а кога ќе се вратам, одам во нејзината соба и повторно разговарам со неа. Уништени сме. Толку многу семејства се завиени во црно”, рече таа.
Зорица Руман се осврна на апсењето на 11 лица. Taa смета дека, тоа веројатно немаше да се случи доколку немаше голем притисок од јавноста и граѓаните.
„Да немаше протести, можеби немаше никој да биде уапсен. Но, за жал, ништо не може да ги врати. Искрено, ништо не ми значи. Читам дека можат да добијат од 2 до 12 години за 15 човечки животи“, рече таа.
Таа рече дека никој од претставниците на властите не контактирал со нивното семејство. Таа смета дека е неприфатливо што не им била дадена ниту основна поддршка, истакнувајќи дека не се ни удостоиле да изразат сочувство, а камоли да понудат каква било помош.
„Никој не контактираше со нас, ниту ни изрази сочувство. Само нашиот општински претседател дојде да изрази сочувство и праша дали ни треба помош. Не ни понудија никаква психолошка помош“, изјави таа.
Таа посочува дека не можат да се помират со тоа што Ангела повеќе ја нема.
„Наутро кога ќе станеме, одиме на нејзиниот гроб и се враќаме дома. После ништо, само ја гледам нејзината слика и плачам. Дојдоа да ме пречекаат од работа и ми рекоа да се вратам кога ќе имам сила. Секоја чест за моите колеги и работодавачот, единствените луѓе од таа страна се покажаа фер“, рече таа.