Мајка од Србија ја труела својата ќерка со седативи, здравјето на девојчето е тешко нарушено

Од:

Третото основно јавно обвинителство Белград на 23.4.2024 година поднесе обвинителен акт против М.Р. (43), поради сомнение дека во периодот од почетокот на 2024 година до 8.3.2024 година, во состојба на пресметливост ја труeла својата ќерка (4) со лекови за смирување.

Како што се наведува во соопштението на Третото обвинителство, постои сомнеж дека М.Р. растворила во течност седативи од групата бензодиазепини кои имаат зависно дејство и во Смедерево и во болничката соба на Институтот за Здравјето на мајката и детето и ги давала да се напие на малолетната жртва, без пропишана терапија, притоа не грижејќи се за последиците по здравјето на малолетната жртва.

– Ваквото однесување на пријавената нанело тешки штети по здравјето на малолетната жртва, што се манифестирало во вид на клинички нарушувања на нестабилност при одење, грчење на раката, цело тело и зголемена саливација – се наведува во соопштението.

Третото основно јавно обвинителство во Белград му предложи на судот да го продолжи притворотот на обвинетата од 8 март 2024 година кога била уапсена.

Кривичниот законик предвидува дека тој што со употреба на насилство, со закана дека ќе нападне живот или тело, со дрско или непромислено однесување ќе го загрози спокојот, физичкиот интегритет или психичката состојба на малолетно лице од неговото семејство, ќе се казни со затворска казна од две до 10 години.

Би можело да ве интересира

Руски медиуми: Асад e отруен, „почна силно да кашла и да се гуши“

Горан Наумовски

Трагедија во БиХ: Тројца починаа од труење со јаглерод моноксид

Горан Наумовски

Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети

(ВИДЕО) Левица: Директорот на ООУ „Ѓорѓија Пулевски ги уценува родителите на затруените деца

Горан Наумовски

Во бомбици послужени во „Ѓорѓија Пулевски“ пронајдени бактерии

АХВ: Наредено е затворање на кујната во ,,Ѓорѓија Пулевски”, до добивање на резултатите од лабораториските тестирања