Мајка и татко загинаа спасувајќи го деветмесечното бебе од водите на Дунав

Од:

Голема трагедија ја потресе Романија, двајца млади родители се удавија обидувајќи се да ја спасат својата деветмесечна ќерка во надојдениот Дунав, во близина на дивата плажа во Гостину, недалеку од градот Ѓурѓу.

Девојчето чудесно преживеа и сега е безбедно, пишува Антена Обзерватор“.

Мајката (20) влегла во водата со бебето во раце, не сфаќајќи ја опасноста. Во еден момент, наишла на вдлабнатина во речното корито, а силните речни струи ги одвлекле. Таткото на девојчето (26) од брегот видел што се случува и без двоумење скокнал во водата за да ги спаси.

Тој успеал да ја одржи својата мала ќерка на површина сè додека друг спасител не ја презел, но за жал, и него го однела реката.

Нуркачите веднаш започнале потрага.

Телото на мајката било пронајдено денот по трагедијата, а телото на таткото потоа.

Би можело да ве интересира

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Земјотрес во Романија

(ВИДЕО) Несреќа во Италија: Жичарница удри во бариери, 100 луѓе се заробени, најмалку четворица се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Романија: Се урна таван од затворен базен, се трага по деца кои се под урнатините

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобилот прелета преку кружен тек – причината е дијабетска криза

А1он