Со мнозинство гласови денеска е избрана Маја Гојковиќ од редовите на Српската напредна партија за претседател на српскиот Парламент.
За неа гласаа 194 пратеници, против беа 14, додека деветмина беа воздржани, јави Танјуг, дополнувајќи дека на седницата не биле присутни 29 пратеници.
Гласањето се одвиваше јавно, со прозивка.
Српското Собрание во својот состав ќе има и шест потпретседатели, за кои исто така ќе се гласа, а кандидати се Верољуб Арсиќ. Игор Бечиќ, Гордана Чомиќ, Нинослав Стојадиновиќ, Владимир Маринковиќ и Константин Арсеновиќ.