Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Од:

Ѓуро Мацут, кандидат за премиер на Србија изјави дека државата на меѓународен план ја гледа како земја која е мост, двигател и партнер, земја која верува дека европската иднина е најдобриот одговор за стабилен, модерен и праведен Балкан, но и земја која тој одговор го обликува на свој начин, отворено, независно и гордо.

Во српското Собрание, презентирајќи ја владината програма за работа, Мацут изјави дека надворешната политика не е само вештина на дијалог, туку огледало на нашата внатрешна сила, нашата хармонија и јасност на целите, но и доследност со вредностите и нагласи дека српската дипломатска мрежа мора да се трансформира и да биде инструмент на влијание што генерира конкретни резултати.

Според Мацут, тоа започнува во државните институции, во довербата на граѓаните, во реформите.

„Тоа е суштината на нашата европска политика: да не следиме, туку да придонесуваме“, рече Макут, додавајќи дека денеска не претставува само анализа на меѓународните односи, туку модел на Србија што ја сакаме.

Би можело да ве интересира

Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Катерина Ѓуровски

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски

Милановиќ: Србија набавува офанзивно оружје и тоа ме загрижува, ние купуваме како овчари

Катерина Ѓуровски

Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија

ВИДЕО: Оштетена српската амбасада во Техеран

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски