Известувачот на Европскиот Парламент за Косово, Урлике Луначек, го повтори значењето што ратификацијата на договорот за демаркација на границата со Црна Гора го има за визната либрализација за Косово.
Коментирајќи го вчера објавениот извештај на ЕК за Косово, Луначек изјави дека клучот за визна либерализација останува во рацете на политичарите во Косово.
– Зелено светло од Комисијата за визна либрализација откако ќе бидат исполнети двете преостанати барања, е многу добра вест. Сега топката е во рацете на парламентот и владата на Косово. Тоа значи дека косовските политичари го држат клучот на визната либерализација во свои раце: ратификација на демаркацијата е нешто што дефинитивно треба да се направи, изјави Луначек.
Таа, исто така ја искажа својата поддршка за Косово на патот за либерализација, што според неа треба се случи набрзо.
– Убедена сум дека граѓаните на Косово заслужуваат визна либерализација за да патуваат три месеци во земјите на ЕУ, што е можно побрзо. Недостигот на перспектива да уживаат во слободното патување, како и насекаде во регионот е целосно неприфатливо и мора да престане, смета Луначек.
Двете барања што Европската комисија ги предвидува за визна либерализација, се демаркацијата на границата со Црна Гора и поголем напредок во борбата против корупцијата и организираниот криминал.