Лукашенко во Белград

Од:

Меѓународно изолираниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко денеска пред Палатата на Србија беше примен со свечен дочек од српскиот претседател Томислав Николиќ. Посетата поттикна многу критики упатени на адреса на српскиот претседател кој го прима Лукашенко против кого ЕУ има воведено санкции, и тоа во моментот кога премиерот Александар Вучиќ е на средба со германската претседателка Ангела Меркел.

Александар Лукашенко кој е претседател од 1994 година, а Западот го смета за автократски лидер, прв пат пристигна во Белград во 1999 година во текот на НАТО бомбардирањето како поддршка за тогашната СРЈ.

Тој бил во Србија и во 2009 година, но на одмор на Копаоник.

lukashenko-nikolic

Режимот на Лукашенко е на удар на Европската Унија поради кршење на човековите права и слободата на медиумите, кои како земја кандидат за членство во ЕУ ги поддржа и Србија, потсетуваат српските медиуми.

Од кабинетот на Николиќ не се осврнуваат на критиките и велат дека посетата е договорено многу порано, и за неа знае и Европската унија.

lukashenko-nikolic1

-Бев со престедателот кога го посети Минск. Имајте во предвид дека претседателот минатата година таму отиде директно од Брисел, веднаш по средбата со Кетрин Ештон. ЕУ од почетокот знаеше дека ние одиме таму и каков однос имаме со Белорусија. Ние ништо не криевме, нам целта ни е да развиваме најдобри односи, посевно во економијата, изјави советникот на претседателот Николиќ, Иван Мркиќ.

Според него, соработката со Белорусија не може никому да му штети.

На инаугурацијата на Порошенко, во прв ред седеа Бајден и Лукашенко. Само две места ги делеа, рече Мркиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници