Љајиќ: Јованка Броз е во тешка здравствена состојба

Од:

Српскиот министер за внатрешна и надворешна трговија, телекомуникации и информации и еден од потпретседателите на владата, Расим Љајиќ кој е близок пријател со Јованка Броз, денеска ја посети во болницата и изјави дека таа е во тешка состојба, приклучена на апарати.

Штотуку се вратив од посета на Јованка Броз и можам да кажам дека е доста тешко. Не беше во будна состојба инаку претходно комуницирала со лекарите. Приклучена е на апарти по интервенцијата која е извршена. Се работи за хроничен карактер на болест која трае извесно време – изјави тој.

Вдовицата на Тито била пренесена во болница денеска во 13:30 часот со отворени рани по телото и на градите.

Јованка Броз во болницата денеска ја посети и премиерот Ивица Дачиќ.

Таа последните триесет години живееше во сиромаштија, во куќа која се распаѓа во околината на Дедиње.

По смртта на Тито, таа беше избркана од куќата во Ужице без документи, здравствена книшка и облека. Речиси не излегуваше од својот дом, освен еднаш годишно кога го посетуваше гробот на Маршалот.

Би можело да ве интересира

Чиста сметка, куса љубов

Емир Латифовиќ

Ова е последната исповед на Тито

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Југославија во очите на Американците во 1986 година

Емир Латифовиќ

ФОТО: Еве како Тито ги славел Новите години

Емир Латифовиќ

Откриена најголемата тајна на Тито – Гробот на неговата најголема љубов

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО+ФОТО) Кралскиот двор ги крие тајните на Тито, Милошевиќ и српскиот крал

Емир Латифовиќ