Лидерот на турските Курди бара поддршка за мир

Од:

Политичкиот лидер на турските Курди Селахатин Демирташ ја повика меѓународната заедница да ја осуди „новата неправедна војна“ на Анкара против Курдите и побара од ЕУ да се заложи за постигнување примирје.

Демирташ вчера, за време на ненајавената посета на Брисел, изјави дека минатата недела телефонски разговарал со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Фредерика Могерини и оти денеска ќе се сретне со нејзиниот соработник Стефан Мансервиси.

– ЕУ мора јасно и отворено да ги поддржи преговорите меѓу Курдската работничка партија (ПКК) и Турција, изјави лидерот на Демократската партија на народите (ХДП).

Тој праша зошто се укажува на тоа дека ЕУ веќе не ги поддржува мировните преговори кои пропаднаа, откако Анкара почна да ги бомбардира базите на ПКК во северен Ирак.

– Зошто веќе не не поддржувате? Брисел мора да ги поддржи преговорите меѓу лидерот на Курдите Абдула Оџалан и турската Влада и да изврши притисок за прекин на огнот, нагласи Демирташ.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ