Левичарски партии од регионов потпишаа Декларација за регионална солидарност

Од:

Социјалдемократската Унија на Србија, Работнички фронт и Нова левица на Хрватска и „Левица“ од Словенија објавија Декларација за регионална солидарност, во која повикуваат на меѓусебна помош од државите од поранешна Југославија во случај на економски кризи и вонредни состојби, јави српската агенција Бета.

Во соопштението се наведува дека Декларацијата е создадена поради сегашната состојба предизвикана од пандемијата и како одговор на „тешките социјални, економски и политички последици што се уште ги чекаат општествата во регионот“.

Додадено е дека „неолибералните политики“ доведоа до пропаѓање на здравствените услуги и на инфраструктурните стандарди, зголемените трошоци за личен третман, зголемена смртност и „масовна емиграција на здравствените работници“.

Потписниците наведуваат дека, иако веќе три децении општествата на Балканот не се дел од истата државна рамка, тие сепак делат голем број на социјални и економски проблеми и дека понатамошната борба не е можна без заеднички напори и регионална солидарност.

Меѓу првичните потписници се личности од сферата на политиката, литературата, културата, науката и спортот, кои ги прифаќаат клучните принципи на Декларацијата.

Тие принципи се однесуваат, меѓу другото, на социјалната правда и еднаквост, национална, етничка, родова и сексуалната еднаквост, како и зачувувањето на заедничката животна средина и ресурсите.

Досега, декларацијата ја потпишаа спортскиот стручњак Душко Вујошевиќ, музичарите Миле Кекин и Антоније Пушиќ – Рамбо Амадеус, писателите Владимир Арсениевиќ, Ведрана Рудан, Саша Илиќ и многу други.

Би можело да ве интересира

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Усвоена е декларација во Брисел: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа