Легализација на марихуаната – меѓу законите и потребите

Од:

Танјуг – Белград

Поседувањето, производството и прометот на марихуана во Србија се кривични дела, а нејзината примена и регистрирање како лек мора да го поддржи експертската јавност, која по прашањето за легализација на канабисот во медицински цели се уште е поделена или не се изјаснува.

Додека едни тврдат дека има многу негативни последици од користење на марихуаната и дека можат да се спојат во вид на оштетување на меморијата и недостиг на мотивација, како и во нарушување на работата на срцето, тие кои го користеле маслото од канабис во терапевтски цели потенцираат дека им помогнало, им донело големо олеснување во животот и им ги намалило болките.

Меѓу нив е и претседателот на здружението „Лек лекализуј” Саша Колонџија од селото Вогањ кај Рума, кој веќе 19 години користи марихуана поради здравствени проблеми.

Вели дека нема ништо против лекарите и медицината, но смета дека пациентите треба да имаат право да изберат начин на лекување.

Тој потенцира дека голем број на луѓе користат масло од канабис и дека тоа го кријат, а дека од друга страна сето тоа треба да биде транспарентно, бидејќи сега се продава масло со сомнителен квалитет, како и различни смеси и дека тоа не е вистинскиот пат.

Порачува дека целта на легализацијата на канабисот е само во медицински цели и дека е свесен дека има и такви кои таа борба ја искористуваат и злоупотребуваат.

– Толку долго сум во количка, не пијам лекови. Не можам да проодам од канабис, но можат да ја намалам болката со која живеам 24 часа и да спијам по мирно, вели Колонџија за Танјуг.

Тој им порачува на надлежните да почнат да се дружат со болните и на вистински начин да сфатат колку тоа ним им значи и тогаш, како што вели, ќе ја сфатат вистината.

– Канабисот не мора да биде чудотворен лек, но доволно е да ми помогне да живеам поквалитетно, истакнува Колонџија.

Дека канабисот не е дрога, не тврди тој туку светските институции и тие држави кои ја легализираа, а има и такви кои официјално не го легализирале, но имаат доволно разбирања за болните кои во своите домови имаат по неколку растенија, вели тој.

– Дури и за лековите не можеме да кажеме дека секогаш помагаат, па не можеме да кажеме ни за канабисот дека лекува сто отсто, но во некои држави постојат научни истражувања и тоа е докажано. Израел во тоа отиде најдалеку. Нивните лекари неколку пати беа во Србија, имавме трибини, ништо не е тајна и се може да се најде на Јутјуб, наведува Колонџија.

Министерството за здравство основаше работна група со експерти од разни области, кои ги анализираа сите достапни меродавни докази и стручни испитувања и донесоа одлука за примена на тој вид на лек на база на канабис, но меѓу нив не е и маслото од канабис.

Во Министерството велат дека комисијата за примена на канабисот донела заклучок дека маслото од канабис кое го бараат некои здруженија не треба да се легализира, со оглед на фактот дека не се дефинирани стандардите за составот и производството на масло од канабис.
Потсетуваат дека заклучокот е донесен врз основа на препораките на американската Агенција за храна и лекови (ФДА), која не ја препознала ниту ја одобрила марихуаната како лек.
Истата комисија даде препорака да се дозволи употреба на три лекови на база на канабис – „Дронабинол“ за лекување на губењето тежината кај пациенти заразени со ХИВ и за повраќање при хемотерапија кај болните од рак кога други лекови не помагаат; „Набилон“ за лекување на мачнина и повраќање кај пациенти на хемотерапија, како и „Сативекс“ спреј за намалување на грчеви на мускулите кај пациенти болни од мултипласклероза.

Поранешната министерска за здравство Славица Ѓукиќ Дејановиќ за Танјуг изјави дека добро е се што е лек и што помага во лекеување да биде регистрирано и во Србија, бидејќи граѓаните ги набавуваат тие средства на несоодветен начин и прашање е што всушност користат.

Таа потсетува дека марихуаната е регистрирана како лек за одредни форми на мултипласклероза, како и дека добро делува кај лица кои примаат цитостатици, а не можат да ги неутрализираат болките и мачнините на друг начин, како и кај одредени облици на глауком.

– Воопшто нема причина кај нас како и во другите земји тоа да не биде регистрирано и под строга контрола на експертите, законите и државата, бидејќи во обратни случаи се импровизира и се работи незаконски, на штета на пациентите, наведе Ѓукиќ Дејановиќ.

Таа верува дека комисијата во Министерството за здравство ќе ја заврши својата работа по основањето на влада и ќе направи конкретни чекори кон дефинитивен одговор на тоа прашање. 

Би можело да ве интересира

Скопската полиција заплени 6,2 килограми марихуана и 442 таблети екстази

Четири килограми марихуана пронајдени во гаража во Скопје

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

ОЈО: 22-годишник од Тетово е осомничен дека поседувал марихуана, одреден му е 30 дневен притвор

Му носела дрога на мажот во затворот Идризово – Уапсена 40 годишна скопјанка

Анита Петровска Рајковиќ