Лажен хирург оперирал луѓе во Ниш

Од:

Милан Јовановиќ лекар на Клиничкиот центар во Ниш, фалсификувал и измислил студија врз основа на која станал васкуларен хирург, а потоа и професор од таа област, пренесе „Блиц“.

Со увид во официјалната документација од различни клиники, прецизно е утврдено дека Јовановиќ во својата студија врз основа на која станал васкуларен хирург, внесувал неточни податоци. 

Тие се однесуваат на речиси сите делови од трудот, бројот на интервенции, но и за самите медицински зафати, бидејќи наведувал дека се  извршувани со апарати, за кои е утврдено дека  воопшто не биле во употреба во Клиничкиот центар.

На факултетот во Ниш каде што врз основа на оваа специјализација станал професор, стои дека специјализирал во 2003 година, додека на дипломата има друг датум односно 29-ти декември 2004 година.

Јовановиќ започнал да работи како васкуларен хирург во јануари 2005 година во Клиничкиот центар во Ниш, а во својата пракса има и случај со пациент кого го оперирал дури 11 пати.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници