Лавров утре во посета на Србија

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе допатува утре во дводневна посета на Белград, каде со српските функционери ќе разговара за сите аспекти на билатералните односи и за насоките на новата соработка.

Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ ќе го дочека Лавров на аеродромот „Никола Тесла“, соопшти српското Министерство за надворешни работи.

Дачиќ и Лавров ќе имаат состанок во вторник, кога ќе биде потпишан и Планот за консултации меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји за периодот 2015-2016 година.

За време на посетата на Белград Лавров ќе се сретне и со премиерот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот Томислав Николиќ.

– За време на посетата детално ќе бидат разгледани сите аспекти на билатералните односи, ќе биде проценет текот на реализацијата на поставените задачи, ќе бидат одредени нови правци на соработка, изјави во Москва официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич.

Лавров со српските високи функционери ќе разговара и за меѓународни прашања, вклучувајќи ја ситуацијата на Балканот.

Меѓу главните теми ќе биде и зајакнувањето на економската соработка.

Обемот на трговска размена минатата година, според податоците на Државната царинска служба на Русија, достигнал две милијарди долари, што е 15 отсто повеќе отколку во 2012 година, а тој тренд продолжува.

Особено внимание ќе биде посветено и на проектот „Јужен поток“, како и на реконструкцијата на српски железници со помош на рускиот кредит од 800 милиони долари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници