Ламалари по заедничката акција на апсење на двајцата членови на “Беланоца“: Криминалот е послаб пред заеднички фронт на агенциите дома и во странство

Од:

Албанскиот  министер за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, денеска им честиташе на припадниците на албанската полиција и нивните македонски колеги и на американските партнери на Дипломатската безбедносна служба (ДСС) за успешно реализираната акција, во која беа уапсени двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“, барани од македонските власти. 

-Криминалот е послаб пред обединет фронт на агенции во земјата и странство и граѓани кои се дистанцираат и пријавуваат секоја незаконитост или опасно лице кое се обидува да профитира на нивна сметка и на штета на владеењето на правото, рече тој.

Додаде дека во меѓународната полициска операција, вчера, беа лишени од слобода  М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, за кои Интерпол имаше издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „злосторничко здружување”.

За акцијата објавија и албанското и македонското министерство, каде уште се наведува дека, при лишувањето од слобода, кај лицата пронајдени се фалсификувани лични документи, за кои постои сомнение дека ги користеле за да ја напуштат територијата на нашата држава и да ја избегнат правдата.

Според албанската полиција уапсен бил и Џ. Р. (26) за сторени кривични дела „поддржување на сторител на кривично дело“ и „фалсификување исправа“, кој им обезбедил на двајцата уапсени фалсификувани лични исправи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите запалија полицаец, гореше министерство, летаа камења и молотови коктели

Предраг Петровиќ

Бошњаците во австриски град сакаат да изградат џамија и културен центар, десницата се противи

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

Француски медиум: Милорад Додик планира патување во Вашингтон, ќе се сретне со лобистите ангажирани од РС

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ

Н1 одби да го прими Вучиќ во предизборна програма, жестоки реакции и обвинувања за цензура

Предраг Петровиќ