Лајк на твитот на Вучиќ за повлекување на признавањето на Косово не било намерно, тврди Амбасадата на САД во Косово

Од:

Американската амбасада во Приштина соопшти дека во претходните 24 часа од нивниот официјален профил на Твитер, ниту една објава на таа социјална мрежа не била „намерно лајкувана“, ниту твитот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за повлекување на признавањето. на Косово од девет земји.

„Официјалниот Твитер профил на Амбасадата на САД намерно не „лајкувал“ ниту еден твит во последните 24 часа. Ја истражуваме ситуацијата за да утврдиме што се случило. Како што споменавме претходно, кога нешто артикулираме, тоа го правиме преку официјални изјави, а не преку „лајкови“ на социјалните мрежи“, се наведува во соопштението.

На Твитер профилот на американската амбасада претходно беше посочено дека им се допаѓа објавата во која српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека девет земји го повлекле признавањето на Косово.

По бурните реакции, американската амбасада утрово ја отстрани ознаката дека и се допаднала твитот на српскиот претседател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да има преодна влада додека сум жив, нема да прифатам уцени

Вучиќ: Целта беше да се изврши Шарена револуција во Србија

Горан Наумовски

Вучиќ во разговор со Трамп Јуниор: Сѐ што се случи во САД, се случува и во Србија

Вучиќ: Сите кои учествуваат во подготовката на државниот удар ќе одговараат според законот

Горан Наумовски

Вучиќ: Нема опција блокадите да завршат до 17 март, ќе се обидеме да го направиме тоа до април

Вучиќ: За жал, не можеме да го исполниме вашето основно барање