Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак, по повод одлуката на црногорските пратеници да изгласаат влез во НАТО, оцени дека тоа е прекрасна вест за Алијансата и за целиот регион на Западен Балкан.
„Собранието на Црна Гора самошто кажа ДА за пристапување кон НАТО. Честитки! Одлична вест за Алијансата и за регионот ЗБ. Потврдена политиката на отворени врати на НАТО“, напиша Лајчак на Твитер.