Лајчак: Поради мигрантите се распадна шенгенскиот систем

Од:

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави денеска дека се поткопани темелите на еден од клучните столбови на Европската унија, а тоа е слободното движење.

– Де факто, Шенген се распадна. Мигрантите апсолутно слободно преминуваат на територија на држава која е одговорна за заштита на шенгенскиот систем. Во нормални околности тешко дека ќе дојдат до шенген виза, но сега десетици илјади луѓе доаѓаат тука без какви било проверки. Значи, имаме ли Шенген или не, запраша Лајчак.

Словачката Влада предлага не само постојана заштита за шенген границите туку и анализа на прашањата за причините за миграцијата и проблемот со криумчарење.

Лајчак додаде дека квотите за распоредување бегалци не се пат за решение на проблемот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

(ВИДЕО) Пукање во Сараево: Има ранети, полицијата на нозе

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди Грција