Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак на собирот во Гдањск изрази незадоволство од изјавите на албанскиот премиер Сали Бериша за потребата од обединување на Албанците од сите пет балкански држави, јави Танјуг.
– Познато е до што доведоа таквите изјави на таа територија. Не можеме тоа само така да го набљудуваме. Тоа сигурно многу брзо ќе се појави и во официјалните изјави на Европската унија, посочи Лајчак.