Кустурица: Трговијата со органи е „сокриена“ под тепих

Од:

Режисерот Емир Кустурица смета дека приказната за вадење на органи е потполно заборавена и дека во Србија тој проблем е „сокриен“ под тепих.

Тој наведува дека приказната е спомната само во неколку книги, кои неможат во целост да го објаснат проблемот, ниту да го актуелизираат, како што тоа може да го направи филм.

Кустурица истакна дека веќе долго време го пишува романот „Драг мој Фројд“, кој зборува за еден млад човек кој влегува во дилема за тоа што е денес морал и како се објаснува. Тој влегува во игра на историјата, па судбината ќе го одведе во Косово и Метохија.

Неговата девојка коа што е поврзана со внукот на Фројд Достоевски исто така ќе се најде на Косово. Главниот актер всушност внукот на Достоевски ќе го спаси ликот од вадење на органи.

Станува збор за роман, кој би требало за неколку години да прерасне во филм.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Додик ќе го назначи Кустурица за советник

Наум Локоски

Емир Кустурица доживеал сообраќајна несреќа, возилото излетало од патот

Наум Локоски

Кустурица: Албанците не ги сакаат Србите, па ниту мене

Емир Латифовиќ