Курти: Односите со САД никогаш не биле подобри

Од:

Премиерот на Косово, Албин Курти првпат одговори на критиките на специјалниот пратеник на САД, Ричард Гренел, кој неодамна го нарече несигурен партнер за Вашингтон.

Курти во интервју за косовските медиуми истакна дека односите помеѓу Косово и САД во моментот се на највисоко ниво од прогласувањето на независноста.

Според него, коментарите на Гренел повеќе се резултат на медиумски интерпретации отколку на директни изјави.

Гренел на 3 февруари преку Икс објави дека „Владата на Курти беше несигурна за време на првиот мандат на Трамп, а исто беше и за време на администрацијата на Бајден“.

Тој го обвини Курти за тоа што американските компании соработуваат со Албанија и со Србија, но не и со Косово.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски