Курти: Милан Радоичиќ планира нови напади на Косово

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти на прес-конференција изјави дека Милан Радоичиќ подготвува нови напади на северот на Косово и дека моментално одржува средби со тајната служба со која планира да дејствува.

Курти рече дека Радоичиќ крие членови на групата за цивилна заштита, која владата во Приштина ја прогласи за терористичка организација и дека тие ги обучуваат. Тој изјави дека за овие обуки добиваат по 2.000 евра месечно.

Да потсетиме, српскиот бизнисмен и поранешен потпретседател на Српската листа Радоичиќ призна дека есента организирал група вооружени Срби на северот на Косово и ги направил сите логистички подготовки.

„По терористичкиот напад, судот во рекордно време го ослободи Радоичиќ, а сега тој ги продолжува подготовките за други напади на Косово заедно со некои членови на терористичката организација Цивилна заштита. Радоичиќ одржува редовни средби со високи функционери на Агенцијата за безбедност и информирање (БИА). Просториите на компанијата во Рашка, како и оние во компанијата Нови Пазар, се користат за сместување и складирање возила и експлозивни направи за идни напади на Радоичиќ и неговата група – рече Курти на конференцијата.

Би можело да ве интересира

Србија: Курти шири дезинформации

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците

Курти на почетокот на работите на патот Призрен – Тетово: Ги поврзуваме двата историски града

Алармантно кај мостот на Ибар: КФОР трупа сили

Курти до Мицкоски: Не сме само соседи, туку и сојузници и блиски партнери

Горан Наумовски

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје