Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека е многу заинтересиран да дознае како е донесена одлуката поранешниот полицаец Дејан Пантиќ да се смени од притвор во домашен притвор, пренесува Коха.
Курти изрази несогласување со ваквата одлука на Основниот суд во Приштина, велејќи дека многу го интересира кој е обвинителот кој побарал промена на мерката притвор во куќен притвор и кој судија ја одобрил со оглед дека Дејан Пантиќ бил обвинет за тероризам, пренесува Косово онлајн.
„ Тој има статус на притвореник, но е обвинет за тероризам. Бидејќи штрајкуваше со глад и имаше проблеми со срцето, можеше да биде однесен во болница, што е разбирливо. Но, дали е тоа разумно? За тоа одлучува судството. „Кога ве обвинуваат за тероризам и ве праќаат во домашен притвор, ме интересира кој е обвинителот што го поднел ова барање и судот што ја донел оваа одлука“, рече Курти.