Премиерот на Косово, Албин Курти денеска соопшти дека, како што наведе, армијата на Косово доби беспилотни летала Бајрактар ТБ-2 купени од Турција.
„Во арсеналот на нашата армија ги додадовме беспилотните летала Бајрактар ТБ-2, кои како влада ги купивме од Турција“, напиша Курти на Фејсбук.