Косовскиот премиер Албин Курти денска рече дека српските власти се виновни за ескалацијата на ситуацијата на северот на Косово, дека тоа било планирано и имало автори.
Во Собранието на Косово тој рече дека ситуацијата на северот на Косово ескалирала кога „криминалните групи“ се вратиле од средбата одржана во Белград на 26 мај.
„Имаме доволно снимки да докажеме дека ескалацијата била планирана, добро организирана и имала автор. Автор е официјален Белград, кој се погрижи предупредувањата за ескалација доколку полицијата не се повлече и градоначалниците не си заминат да станат реалност. Зголемената загриженост за ескалација доведе до тоа Србија да мобилизира криминални групи за навистина да ја ескалира ситуацијата“, рече Курти.
Косовскиот премиер ги нападна Србите од северот на Косово објавувајќи ги нивните имиња и директно обвинувајќи ги за немири.
Меѓу Србите на протестот, како што тврди, имало и навивачи на Црвена звезда.