Криза во косовската Влада поради таксата кон Србија, коалициските лидери на средба кај Тачи

Од:

Лидерите на најголемите партии од владејачката коалиција, премиерот Рамуш Харадинај од Алијансата за иднината на Косово (ААК), претседателот на Собранието, Кадри Весели од Демократска партија на Косово (ПДК) и вицепремиерите Фатмир Лимај од Социјалдемократска иницијатива (Нисма) и Беџет Пацоли од Алијансата Ново Косово (АКР), вечерва повторно се собраа на средба кај претседателот на државата Хашим Тачи.

Веста ја објави агенцијата Косовапрес, напоменувајќи дека ова е втор денешeн состанок на косовските лидери, по оној што претпладнево го имаа со американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет.

Извесно е дека цел на средбата е да се најде решение за разликите меѓу коалициските партнери за американското и барањето на Европската унија за укинување на таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и од Босна и Херцеговина.

Тачи и ПДК на Весели, како и АКР на Пацоли, се залагаат за укинување на таксата, додека упорно на ова барање се спротивставува премиерот Харадинај и неговата ААК, а според медиумите, во тој став го поддржува и партијата на Лимај, Нисма.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски