Кристијан Шмит поднесе оставка

Од:

Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, поднесе оставка до Управниот одбор на Советот за имплементација на мирот (PIC), но ќе остане на функцијата сè до изборот на негов наследник.

Според информации од дипломатски извори, Шмит официјално побарал разрешување од функцијата, а земјите членки на PIC во наредниот период ќе треба да започнат консултации за избор на нов висок претставник во БиХ.

Засега нема официјални информации кој би можел да го наследи Шмит, ниту кога би можела да биде донесена конечната одлука.

Шмит ја презеде функцијата во 2021 година, наследувајќи го Валентин Инцко. Неговиот мандат беше обележан со бројни политички кризи, одлуки за измени на Изборниот закон, како и чести реакции и критики од политичките партии во БиХ.

Најостри критики кон Шмит доаѓаа од властите во Република Српска, кои не го признаваа неговиот легитимитет, додека дел од политичките партии во Федерацијата БиХ ги поддржуваа неговите интервенции, особено во периодите на институционални блокади.

Оставката доаѓа во период на зголемени политички тензии во Босна и Херцеговина, но и во време кога сè почесто се отвора прашањето за идната улога на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) и меѓународниот надзор во земјата.

До изборот на нов висок претставник, Шмит останува на функцијата и ќе продолжи да ги извршува сите надлежности што ги има како прв човек на ОХР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јогурт врз пратеничка пред српското Собрание: Србија ги смени властите, но не и политичките навики

Предраг Петровиќ

Маскирани хрватски полицајци претепале мигранти на границата со БиХ, пет лица со скршеници

Нови оставки во хрватската психијатриска болница по смртта на 32-годишниот пациент Кристијан Периш

СНСД и ХДЗ нема да влезат во власта едни без други

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу нив и поранешната висока функционерка на МВР, Дијана Хркаловиќ

Предраг Петровиќ