Ковач: Хрватска со соработка ќе ја спречи „поплавата“ од бегалци

Од:

Хрватскиот министер за надворешни работи Миро Ковач изјави денеска по повод најавата за изградба на новиот унгарски ѕид, дека Хрватска многу добро соработувала со соседните земји во регионот во управувањето со миграцискиот бран и дека има механизми на соработка кои ќе спречат преплавување од бегалци.

Во одговорот на прашањето дали Хрватска е подготвена за сценарио на нова бегалска криза во случај на прекинување на договорот меѓу ЕУ и Турција, Ковач истакна дека соработката со Словенија, Србија и Македонија придонела за смирување на миграцискиот бран.

– Тој механизам го воспоставивме ние, оваа Влада – нагласи Ковач, по молбата да прецизира дали е подготвен да ја повтори соработката која ја спровела претходната Влада на Зоран Милановиќ и неговиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ, јави Хина.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег