Косовското МНР го осуди нападот на полициската станица во Гошинце

Од:

Министерството за надворешни работи (МНР) на Косово го осуди нападот на полициската станица во Гошинце.

Во соопштението се наведува дека веста за нападот била примена со голема загриженост. Во него исто така стои дека најостро се осудува секој акт на насилство врз органите на редот на Република Македонија и истовремено се апелира на професинална и нееднострана истрага.

Официјална Приштина искажува подготвеност да им помогне на македонските авторитети за да се откријат сторителите на овој акт.

– Република Косово како фактор на стабилност во регионот, останува во одлучноста за унапредување на климата на добрососедство, почитувајќи ги суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија, како соседна земја, како и целосната имплементација на Охридскиот договор, се наведува во соопштението на косовското МНР.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски