Косовските политичари со над 50 пати повисока плата од просечната пензија

Од:

Косовските политичари имаат над 50 пати повисока плата споредено со износот на просечната пензија.

И зголемувањето на пензиите за 40 отсто, согласно одлуката на Владата нема многу да влијае во подобрувањето на нивниот стандард но и во соодносот на функционерските плати и пензии.

Според косовоските медиуми претседателката на Косово Атифете Јахјага има плата од 3.123 евра, која е 52 пати повисока од просечната пензија на Косово, која изнесува 60 евра.

Платата на спикерот на косовскиот парламент Јакуп Красниќи изнесува 2.700 евра и е 47 пати повисока од просечната пензија.

Платата на премиерот Хашим Тачи изнесува 1.440 евра и е 24 пати повисока од просечната косовска пензија. Неговата плата, според Предлог-законот за платите на функционерите, кој набрзо треба да се најде пред пратениците за усвојување, ќе биде повисока за 882 евра и ќе изнесува 2.322 евра, што значи дека платата ќе му биде повисока за дури 38 пати од просечната пензија.

Имајќи ги предвид платите на функционерите во регионот и на пензиите, како што констатираат медиумите, косовските функционери имаат највисоки плати во регионот, а пенизонерите најниски пензии.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски