Косовските општини бараат укинување на полицискиот час

Од:

Асоцијацијата на општини на Косово го повтори барањето до Министерството за здравство да го укине полицискиот час кој е во сила поради пандемијата на Ковид-19, а кој трае од 22 до пет часот наутро, јави дописникот на МИА од Приштина.

Директорот на Асоцијацијата, Сазан Ибрахими изјави за порталот „Газета експрес“ дека побарале средба со министерот за здравство, Рифат Љатифи, пред 4 февруари, кога ќе се преразгледуваат важечките мерки за спречување на ширењето на пандемијата.

Според Ибрахими, воведувањето забрана за движење на граѓаните и за работа на угостителските објекти по 21 часот не дава резултати уште од октомври минатата година, кога во земјата имаше многу мал број случаи на новозаразени од коронавиррусот.

– Бараме средба со министерот за здравство за да се разгледаат мерките заедно со градоначалниците. Очигледно е дека полицискиот час не ги дава очекуваните резултати уште од октомври, кога имавме по четири-пет нови случаи, а се гледа дека ниту сега не даваат никакви резултати, изјави Ибрахими, кој вели дека таквите мерки само им нанесуваат штети на бизнисите.

Покрај ова барање, кое постојано го истакнуваат и угостителите, во Косово и во соседните земји мошне гласни се барањата и за укинување на обврската за приложување потврда за примени три анти-ковид вакцини, или за две вакцини плус негативен РТ-ПЦР тест не постар од 48 часа при влез во државата.

Барање до косовските власти за укинување на обврската за три вакцини, која заедно со полицискиот час и други анти-ковид мерки беше воведена на 14 јануари, меѓу другите, упатија и вицепремиерот на Северна Македонија Артан Груби и министерот за здравство на Северна Македонија, Беким Сали, како и жителите на Кукеш и другите населени места во Албанија на границата со Косово и градоначалниците на општините со мнозинско албанско население во јужна Србија.

Би можело да ве интересира

Косово продолжува да ги олеснува анти-ковид мерките

Протест во Приштина против задолжителната вакцинација

Здравствените власти на Косово бараат одлагање на локалните избори

Рекордни 36 починати во 24 часа од Ковид-19 во Косово

Косово повторно воведе полициски час и режим за влез во земјата

Катерина Ѓуровски

Во сите балкански земји расте бројот на новозаболени од Ковид-19, Србија и Косово со повеќе од 1.000 нови случаи

Катерина Ѓуровски