Косовскиот буџет за наредната година тежок околу 1,6 милијарди евра

Од:

Косовската Влада го усвои Предлог-буџетот за наредната година, кој набрзо треба да го изгласа и парламентот. Планираните приходи во косовскиот буџет за 2013 година изнесуваат 1,423 милиони евра , додека трошоците 1,586 милиони евра, јави дописникот на МИА.

– Подготовката на Предлог-буџетот за 2013 година е во рамките на предвидените рокови и законските рамки и тој е во согласност со целите на владата за да гарантира стабилен еконмски развој и макрофискална стабилност. Со Проект-буџетот земени се предвид и ризиците од влијанието на актуелната криза во земјата и еврозоната и економиите во земјите од регионот, изјави Бедри Хамза, министер за финанси.

Покрај другото со буџетот предвидена е ставка од 30 милиони евра за отпочнување со реализација на автопатот од Приштина до границата со Македонија, односно преминот Блаце.

Владата во Приштина со Светска банка се очекува да ја финализираат физибилити студијата на почетокот на наредната година, како предуслов за отпочнување со реализација на изградбата нба автопатот.

Според министерот Хамза првите 40 километри од овој автопат се економски поповолни.

– Додека за јужниот дел на автопатот во Качаник, кој е во должина од 13 километри предвид се земени сите опции – како што е и редизајнирање на истиот, Косово треба да има 300 илјади евра на банкарскиот биланс , како услов да почне со изградба на автопатот. Со ова се согласува и ММФ, изјавил Хамза.

Во банкарскиот биланс на крајот од оваа година, според Хамза, се очекува да има 200 милиони евра, што подразбира дека во банкарскиот биланс треба да се слеат пари и од приватизациите, со цел да се обезбеди условот од 300 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина