Косовски Срби протестираа против укинување на српските институции во северно Косово

Од:

Вработените во српските институции во северно Косово денеска организираа полчасовни демонстрации во знак на протест против евентуалното укинување на паралелните структури на власта во овој дел од земјата, пренесе Танјуг.

Сите службеници на српските институции точно во 12 часот по локално време излегоа на улиците со српски знамиња и транспаренти „Институциите им припаѓаат на Србија, а не на Косово„, „Сакаме да работиме во српски болници“ и „Нема да и ги дадеме институциите на Приштина“.

Според зборовите на организаторите на протестот, со овие демонстрации косовските Срби сакаат да му дадат поддршка на српскиот премиер Ивица Дачиќ, кој денеска во Брисел ќе разговара со косовскиот премиер Хашим Тачи.

Според првичните информации, главна тема на разговорите ќе биде судбината на таканаречените паралелни органи на власта во северно Косово, населено главно со Срби, пред се судовите, даночната управа и структурите за безбедност, но и болниците и училиштата, финансирани од Србија.

Косово, кое во 2008 година ја прогласи независноста од Србија, инсистира овие структури да се укинат.

Ивица Дачиќ претходно изјави дека Србија ќе се обиде да постигне автономија на Србите во Косово под форма на Заедница на српски општини со јасни надлежности (образование, правосудство, полиција), која ќе има врски со приштинските власти, но и со Белград.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски