Група Срби од северно Косово рано утрово запреа неколку возила на ЕУЛЕКС и специјални единици на косовската полиција, кои се движеле кон граничниот премин Јариње на границата со Србија.
Возилата биле стопирани во близина на Рударе, на патот меѓу јужниот дел на Косовска Митровица и Лепосавиќ. По краткиот застој автомобилите се вратиле кон јужниот дел на градот.
Србите од северниот дел на Косово се менуваат на дежурства покрај патот, кој води кон граничниот премин, бидејќи се против „воведување граница“ со Србија.
Тие не прифаќаат да и даваат пари на „непризнатата држава Косово“, истакнувајќи дека редовно ќе ги плаќаат сите давачки, но на својата држава Србија.