Koсовски медиуми: АНА повикува на мобилизација

Од:

Откако т.н. албанска национална армија (АНА) изрази вознемиреност од однесувањето на косовската Влада и се изјасни против средба „меѓу највисоките официјални претставници на Косово и Србија“, косовската тевизија Коха визион емитуваше и снимка од една средба на нејзини припадници некаде на Косово.

„Создадната ситуација во Прешевската Долина и северниот дел од Косово биле темите на кои дискутираат луѓето,кои самите се нарекуваат старешини на АНА и се маскирани. Со одлуката донесена на оваа срдба се бара мобилизација на сите припадници кои се подготвени да ги бранат албанските простори.Тие велат дека имаат најсофистицирано оружје и истото го презентираат со фотографии. Наредбата за мобилизација ја дава Конаданатот на специјалната единца Кобра. По заминувањето на Командантот, средбата продолжува со„конректните планови“, стои во написот.

Во снимката се слуша наредбата снајпристите да бидат на „24 часовна будност“.

Коха визион обезбедила и факсимил потпишан на 9 јануари 2013 во Вучитрн од „Командант Кочаку“ и „Командант Клина“за мобилизација на припадниците на АНА.

Појавата на АНА,како што стои во написот,било да е со соопштенија или сники, се случувало и порано, кога имало тензични ситуации со Албанците во регионот, но се завршвувало само со медиумски помпензации, поради што многумина АНА ја нарекуваат и „витруелна армија“, јави дописникот на МИА.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски