Косовската полиција ја удвои наградата за информација за убиството на Оливер Ивановиќ

Од:

Повеќе од девет месеци по убиството на еден од лидерите на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, се уште нема никаква информација за сторителите и мотивите за атентатот, поради што косовската полиција денеска објави дека ја удвои наградата за информација која би помогнала во расветлувањето на случајот.

Заменикот генерален директор за ресурси на косовската полиција, Дејан Јанковиќ, изјави дека наградата за корисна информација во врска со настанот, наместо досегашните 10.000, изнесува 20.000 евра.

Ивановиќ беше убиен утрото на 16 јануари годинава пред седиштето на неговата партија Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП) во северна Митровица.

Овој атентат предизвика бурни реакции и низа шпекулации за можните сторители и мотиви, како во Косово, така и во Србија.

Случајот го води Специјалното обвинителство на Косово, а ниту повеќе од девет месеци по убиството нема никаво навестување за каков и да е напредок во истрагата.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски