Косовската државна телевизија ќе емитува канал на српски јазик

Од:

Радио и телевизија Косово (РТК) до 17 февруари ќе почне да емитува втор канал за малцинствата, чија програма ќе се прикажува главно на српски јазик.

Каналот РТК2 ја доби дозволата за емитување пред два дена, а во него ќе бидат вработени 90 луѓе.

Според генералниот директор на РТК Сулејман Шакири за емитувањето на вториот канал е се подготвено освен техничкиот персонал, што исто така ќе биде решено во најбрз период.

Иако граѓаните на Косово претходно беа против одлуката за отворање канал на српски јазик, според планот на Марти Ахтисари за Косово, еден таков канал е потребен.

Ресорното косовско Министерство  годишно издвојува околу 10 отсто од својот буџет за работа на овој јавен сервис, според кој на РТК му припаѓаат девет милиони и 720 илјади евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија