Косово за три милиони евра обезбеди струја до мај

Од:

Косовската електро корпорација, КЕК, со цел непречено снабдување со електрична енергија договори набавка на струја во вредост од три милиони евра, јави дописникот на МИА.

До месец мај, кога, косовската Електордистрибуција преминува во сопственост на турката компанија „Лимак-Чалик“, Косово со електрична енергија ќе го снабдуваат две српски енергетски компании „Ген“ и „Руднап“. Тие се избрани на тендерот како најповолни понудувачи, пишува весниот „Зери“.

Директор на косовската електрокорпорација, КЕК, Арбен Ѓукај за „Зери“ потврди дека овие две компании понудиле најповолна цена споредено со другите компании кои учествувале на тендерот.

– Тендерот беше јавен и на него се јавија и други компании. Но понудите на компаниите кои се избрани беа видно поповолни за нашата корпорација. Целата тендерска постапка беше транспарентна, а ја реализираше посебна комисија за тоа, изјави Ѓукај.

Турскиот конзорциум „Лимак-Чалик“ беше избран како најдобар понудувач и стана нов газда на косовската електродистрибуција, за 26,3 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски