Косовци се регрутираат за Сирија

Од:

Во извештај на безбедносните органи на Косово, се наведува дека многу граѓани од Косово патуваат во правец на Дамаск, за да се приклучат на страната на сириските бунтовници, кои војуваат против претседателот Башар Ал Асад, јави дописникот на МИА.

Според извештајот собирањето и организирањето на Албанците за одење за Сирија се врши на две собирни места. Едното место е џамијата во Макофц општина Приштина, додека второто место е Косовска Митровица.

– Во џамијата која е изградена во селото Макофц, општина Приштина фрекфентираат лица кои можно е да се идни регрути за војната во Сирија, пишува во извештајот до кој дошле косовските медиуми, пренесува агенцијата Балкан веб.

Арсим Красниќи, претседател на Движењето за обединување, кој дарувал земјиште за изградба на џамијата во Макофц негирал такво нешто. Но од друга страна самиот тој ги подржува оние кои фаќаат оружје во раце против режимот на претседателот
Асад.

– Не е точно, тие заминуваат доброволно, тоа е нормално, изјавил Красниќи. Според извештајот, Албанците заминуваат за Сирија во мали групи.

Косовските медиуми претходно јавија дека во Сирија на страната на бунтвниците се борат најмалку 140 Албанци, од Албанија, Косово и од јужна Србија и оти од ноември лани до минатата недела животот го загубиле десетмина Албанци. „Осум од  убиените се од Косово, Прешевската Долина и од Албанија, додека двајца се Албанци со сириско државјанство, Мунир Арнаути и Бехлур Арнаути.

Наман Демоли од Приштина беше првиот Албанец кој настрада во борбите меѓу владеачкиот режим и бунтовниците во Сирија, во ноември 2012. Потоа загина Муса Ахмети од Бујановац, Ебу Омер-Њл Албани од Албанија и последниот Мухамет Коприва од Косовска Митровица. Останатите четворица се од Албанија, но нивниот идентитет официјално не е соопштен“, пренесоа медиумите.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина