Коштуница: ЕУ сака да ја распарчи Србија

Од:

Единствена можност Србија да опстане е да се „замрзне“ косовското прашање, бидејќи секое решение кое до сега го наметна ЕУ и САД води кон создавање на независно Косово, изјави претседателот на Демократската партија на Србија, Воислав Коштуница.

-Укинувањето на сегашните српски државни институции и создавање нови, внатре во т.н Устав на Косово претставува убиство на српската државност на Косово – истакна тој.

Коштуница оцени дека Србија е сериозно загрозена држава, бидејќи ЕУ сака да ја распарчи, поради што се поставува прашањето како Унијата може да биде непристрасен посредник во разговорите на Белгради и Приштина, кога таа е главен покровител на создавањето независно Косово.

-Поради интерес на Србија време е лажните преговори да завршат, за да во иднина се отворат преговори под мандатот на Советот на безбедност на Обединетите нации – оцени Коштуница.

Лидерот на ДСС смета дека најдобро решение е Србија да не добие датум за започнување на преговорите за членство во ЕУ, туку да се распишат избори.

Тој смета дека по изборите ќе постои можност да се воспостават нормални односи со ЕУ, во кои ќе има економска соработка, но Унијата нема веќе да биде тутор на Србија, ниту да поставува какви било услови.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје

Николовски од Белград: Затоплување на политичките односи и подобрување на економската соработка со Србија

Предраг Петровиќ

Голем пожар во Шумадија, домаќинствата засега не се загрозени