И во Бугарија е откриено коњското месо во храна, која беше означена како говедско, со што овој скандал кој се прошири во Европската унија, потресе уште една држава.
Владата во Софија соопшти дека со ДНК тестот во Германија е востановено дека е увезена смрзната храна, која е продавана во еден ланец на супермаркети, содржи 80 проценти на коњско месо.
Тестирањето е побарано минатата недела, бидејќи постоело сомнеж за смрзнаните лазањи кои биле повлечени од супермаркет во Бугарија.
Коњското месо се појави ширум Европа во смрзнати готови јадења, кои се купуваат во супермаркети, но и храна која се сервира во рестораните, училиштата и болниците.