Катимерини – Атина
Конфликтот на границите на Турција со Сирија и Ирак и политичката несигурност кај источниот сосед, се закануваат да ги дофатат и грчко-турските односи, затоа што тие доведоа до нагол скок на проток на бегалци кон Грција.
Турција е исправена пред едно исклучително сложена конфликтна ситуација, вклучувајќи и вовлекување на земјата во воените операции на територијата на соседни држави, а исто така и терористички напади на нејзина територија.
Опасните околности кои се закануваат да ја дестабилизира Турција и економски и политички, предизвикува голема тревога и во Грција. Постојат многу опасности. Евентуален националистички бум во содедната држава може да испровоцира потреси во грчко-турските односи преку евентуален обид за извезување на кризата. Исто така можно е ситуацијата која добива драматични размери да се влоши заради се поголемиот регистриран број на бегалци кон територијата на Грција.
Последиците за Грција од една голема бегалска криза би биле огромни. НАТО и САД треба неодложно да се вклучат и да и помогнат за соприрање на конфликтот, особено сега кога економската ситуација во Турција е толку лоша, смета поранешниот командант на силите на Нато, адмирал Џејмс Ставридис.
Јазолот уште повеќе се заплеткува и од продолжената небезбедност во Турција, затоа што два месеци по парламентарните избори во јуни, сеуште не е составена влада и ако тоа не се случи до недела, во земјата ќе има нови избори.
Ако Турција се вовлече во насилства, тоа ќе биде удар за стабилноста на земјата и ќе се појават националистички облици кои ќе ја обременуваат перспективата за наоѓање решение за кипарскиот проблем, но исто и за продолжување на позитивната клима во двостраните грчко-турски односи, смета раководтелот на истанбулскиот центар за економска и надворешна политика, Синан Јулкен.
Тоа се однесува и на економските релации во тие односи. „Во последниве години, Грција има корист од процветувањето на турската економија во однос на инвестициите, а исто така и од големиот пораст на турските туристи кои ги посетуваат грчките острови. Во однос на тоа, може да се каже дека политичката и економската дестабилизација на Турција значително ќе ја засегне и Грција“, посочува аналитичарот.
Границата на Турција со Сирија, а исто и курдскиот проблем, се лесно запалливи. Постојат индикации дека стратешкото дистанцирање од западот и ретроградните тактики го разгневиле Вашингтон и го достигнале својот крај. По две години во кои Анкара и Исламска држава се воздржуваа од меѓусебен судир, сметајќи дека воен конфликт меѓу нив би ги ослабнал двете страни, турската влада почна воени операции против борците на Исламска држава во Сирија, а исто и против бунтовниците од ПКК во северен Ирак.
Иако на зборови Турција се залагаше за поддршка на борбата против Исламска држава, во пракса таа не зема учество во неа во форма на операции, но и не допушти искористување на нејнзите бази за таа цел. Ердоган сметаше дека главниот непријател на Турција е режимот на Асад во Сирија, а не Исламска држава.
Нараснатите конфликти на Турција со ПКК и Исламска држава ја засегаат и Грција, проценува шефот на фондацијата Маршал за Европа, Јан Лесер. Како сојузник на Нато и сосед, Грција е директно засегната за безбедноста и стабилноста на Турција, и од еден повеќестрана иницијатива. Грчките интереси ќе бидат под удар од евентуален скок на турски националзам, од создавањето на една уште поголема несигурност, и од сите последици кои би можеле да произлезат од еден таков развој за економијата на Турција, а исто и за нејзините однпси со ЕУ, посочува Јан Лесер.
Но не е само Грција вознемирена од опасната ситуација по границите на Турција со Ирак и Сирија. Опасности демнеат и за целиот запад. Адмирал Ставридис смета дека ситуацијата во Сирија и Ирак продолжува да оди во негативна насока, затоа што машината Исламска држава држи под своја контрола значителни делови и од двете страни, и затоа што има многу малку успешни противнапади против неа. Тој ја позрдаува промената на курсот на на Анкара, но исто така ја истакнува и неопходноста од справување со тој феномен.
Фактичкото приклучување на Турција кон алијансата со учество во воздушните напади и овозможување достап до своите бази му помага на целиот процес, но се бара и поголема заложба од целата алијанса, потенцира Џемјс Ставридис.
Нередите кои се зголемуваат во земјата започнаа да вклучуваат терористички напади, како оној врз американскиот конзулат во Истанбул од левоекстремистичката организација Револуционенран партија и фронт за народно ослободување, која преземајќи ја одговорноста вети дека „борбата ќе продолжи се додека империјализмот и неговите соработници не ја напуштат земјата, и секој сантиметар од нејзината територија не биде ослободен од американски бази“.
Истовремено, најмалку осум души беа убиени во напад врз турските сили за безбедност, неколку недели откако Анкара ги започна операциите против Исламска држава и курдите.
Во еден истанбулски кварт, автомобил беше искористен за напад врз полициска станица од кое резултатот е три полицајци и седум граѓани ранети. Едниот од напаѓачите беше убиен при бомбашки напад, а други двајца и еден полицаец беа убиени во престелката која следуваше.
Четири полицајци пак беа убиени кога блиндирана кола беше истуркана од патот, а еден војник загина и седум беа ранети кога курдски бунтовници отворија оган врз воен хеликоптер во Ширнак. На основа на тоа што се соочи со војната лице во лице, режимот на Ердоган изврши стотина апсења на сомнителни лица.