Комонвелтот Доминика ја призна независноста на Косово

Од:

Шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај денеска ја прими нотата со која и официјално се потврдува признавањето на Косово од страна на Комонвелтот Доминика, јави дописникот на МИА.

Властите на Доминика упатиле писмо и до претседателката Атифете Јахјага со кое се запознава со одлуката за формалното признавање на независноста на Косово.

Министерот Хоџај во текот на засиленото лобирање за признавање на Косово од државите на Карибите, годинава двапати ја посети Дoминика и имал чести контакти и директни средби со лидерите на ова земја.

Доминика е мала островска земја на Карибите, со вкупна површина од 750 квадратни километри и со нешто повеќе од 75.000 жители. Главен град на државата е Росеаун и е членка на ОН од 1978 година.

Со признавањето од страна на оваа држава, бројот на државите кои тоа го сториле се искачи на 98. Претходно, на 28 ноември, Косово го призна Федерацијата Свети Кристофер и Невис, а на девети ноември Источен Тимор.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски