Командантoт на Славјанск војувал во БиХ

Од:

Командантот на Славјанск, рускиот офицер Игор Стрелков војувал во Босна и Херцеговина како доброволец на српската страна.

Стрелков, кого некои руски новинари го доживуваат како руски Рамбо, првите воени искуства ги стекнал како доброволец во Босна. Тој на руските новинари им изјавил дека пред Босна, како студент по историја бил доброволец во Придњестровје, но вистинска војна видел дури во БиХ.

Украинската разузнавачка служба тврди дека вистинското презиме на Игор Стрелков е Гиркин. Тој во Босна бил од ноември 1992 до март 1993 година во Вториот руски доброволен одред.

Своите сеќавања од Босна, Игор за прв пат ги објавил во московскиот неделник „Завтра“ на 6 јануари во 1998 година. Во редакцијата на весникот се запознал со Александар Бородај, кој сега е премиер на самопрогласената „Доњецка Република“.

За Стрелков руските новинари пишуваат дека е офицер на Руската воена разузнавачка служба ГРУ.

– Едно од основните правила кои ги научив во Босна беше дека на должност не смее да се пие. Првите мои впечатоци од поранешна Југославија беа дека таа војна личи на голем Бејрут. Кога дојдов во Босна, таму многу се пиеше, а од тоа имаше само штета, се сеќава Стрелков.

Тој раскажува дека поради пиењето се случил и еден трагичен настан.

– Откако доброволците добро се напија, од пукање настрадаа нивни. Козачките команданти ноќта пред тој настан многу испија, па поради мамурлак минофрлачите на рускиот одред ги погодија соборците. Тогаш загинаа еден наш Козак и еден Србин, а уште еден доброволец остана инвалид, се сеќава Игор.

Тој додава дека лекцијата од Босна добро му дошла во организацијата на одбраната на Славјанск, а пред тоа и во текот на војувањето на Кавказ.

Игор потекнува од офицерско семејство. Историјата што ја учел на факултет не му била привлечна како идна професија, па затоа по Босна, две години бил војник  во руската армија, каде останал по договор. Така доспеал во Чеченија во состав на моторизирана бригада. Работел како воен разузнавач, а подоцна бил и во Дагестан од 1998 до 1999 година.

Вечерње новости – Белград

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми