Колку тежат српските министри: Вучиќ поседува само гарсониера

Од:

На српскиот сајт на Агенцијата за борба против криминал во делот Одделение за контрола на имотот на функционери, има податоци за имотната состојба и приходите на сите политичари, кои доставиле извештаи за својот подвижен и неподвижен имот.

На сајтот на Агенцијата може да се види какви автомобили возат членовите на кабинетот на Александар Вучиќ, дали имаат или немаат стан во своја сопственост и колкава им е платата. Според тие извештаи изгледа дека повеќето функционери немаат голема заштеда, а повеќето од нив ниту стан и авотмобил на нивно име, пишува српски „Телеграф“.

10405741_10203955610556542_515159726_n

Откако е премиер на Владата на Србија, Александар Вучиќ има плата од околу 125.000 динари и таа претставува единствен извор на неговите приходи, додека пред тоа како прв потпретседател на владата имал плата од околу 109.000 динари.

Иако според извештајот од декември од 2013 година Вучиќ имал стан од 117 квадратни метри, од почеток на 2014 година изгледа дека останал без тој стан со оглед на тоа што не е пријавен како недвижен имот во тој период.

Според официјалните извештаи од мај оваа година, српскиот премиер во своја сопственост има гарсониера од 30 квадратни метри, но нема автомобил, ниту заштедени пари.

Првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ моментално има месечни приходи од 110.000 динар, стан од 119 квадрати и заштеда.

10419864_10203955610596543_1860906173_n

Доколку се направи споредба на приходите на Дачиќ во времето кога тој беше премиер и сегашните примања на Вучиќ ќе забележиме дека оваа влада значително ги намалила платите, бидејќи Дачиќ додека беше на функцијата премиер земал плата од околу 150.000 динари што е за 25.000 динари повеќе од сегашниот премиерски хонорар.

Свој удел во фирми и организации има минстерот за одбрана Братислав Гашиќ, кој поседува и две куќи од 360 и 250 квадрати, од кои едната ја изгради а другата ја купил. Исто така шефот на ресор за одбрана вози Ауди од 2007 година, а има и заштеда.

Пиедесталот на најбогати му припаѓа на Велимир Илиќ, благодарение на тоа што во негова сопственост се дури 20 бизнис простори, куќа, ниви и овоштарници.

10423592_10203955610676545_836476313_n

Министерот за млади и спорт, Вања Удовчиќ, покрај недвижности, пасишта, два автомобили и чамец поседува и акции во четири фирми.

10429022_10203955610516541_187806215_n

Со повеќе недвижности располага и министерот за стопанство Душан Вујовиќ, кој покрај четири куќи, два автомобили и заштеда има плата од 105.000 динари.

Министерката за сообраќај, Зорана Михајловиќ не е на платниот список на владата и нема пријавени примања, а живее во стан од 140 метри квадратни и вози Тојота од 2008 година.

Потпретседателката на владата Кори Удовички има плата од 103.000 динари, заштеда, една половина од станот од 95 квадрати, но нема автомобил.

Без недвижнини е и министерот за образование, Срѓан Вербиќ и министерката без портфолио задолжена за ЕУ, Јадранка Јоксимовиќ која што пријавила само плата од 101.000 динари.

10428891_10203955610636544_956478428_n

Министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ заработува околу 145.000 динари, има четирисобен стан, а во последниот извештај пријави дека поседува и заштеда.

10419612_10203955610756547_124686297_n

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ