„Коха диторе“: Влада пред Божиќ

Од:

Хашим Тачи и Рамуш Харадинај пред Божиќ ќе бидат владини партнери. Двете партии кои произлегоа од Ослободителната војска на Косово (ОВК) планираат коалицијата ДПК-АИК (ПДК-ААК) да ја официјализираат пред 24 декември, пишува приштинскиот весник „Коха диторе“.

Според весникот, извори од Демократската партија на Хашим Тачи, потврдиле дека Харадинај се согласил да работи под директива на Тачи,  како потпретседател на владата, јави дописникот на МИА.

– Хашим Тачи ќе продолжи на премиерската функција, Харадинај ќе биде негов заменик, а неговата партија, Алијаса за иднината на Косово, ќе добие од три до пет министерски места, изјави висок претставник на партијата кој е во тек со разговорите меѓу Тачи и Харадинај.

Неофицијално истото го потврдил и висок функционер на Алијасата за иднината на Косово, додавајќи дека детали околу целосниот договор ќе бидат соопштени по официјализирањето на коалицијата.

Во владата на Тачи, коалицини партнери се Алијасата за ново Косово, на Беџет Пацоли, како и неколку помали партии од малциснтвата.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски