„Коха диторе“: Нема докази за трговијата со органи

Од:

Главниот обвинител Клинт Вилијамсон најде докази за воените злосторства против поранешните припадници на Ослободителната војска на Косово, но не и доволно докази дека во Косово имало трговија со органи, објави денеска приштинскиот весник „Коха диторе“.

Најмалку десет поранешни припадници на ОВК ќе бидат обвинети за воени злосторства за злосторства против цивилите.

Весникот наведува дека припадниците на ОВК ќе бидат покренати обвиненија и за исчезннување на голем број Срби од Зочишта и Ораховец, а за одговорни се сметаат и двајца високи офицери од ОВК.

Вилијамсон вчера ги претстави доказите пред косовските власти. Обвиненијата опфаќаат убиства на цивили, злоставување и нивно држење во нечовечки услови, но не и трговија со органи.

Се очекува припадниците на ОВК да бидат обвинети за поединечна, но не и за командна одговорноста, поради што би бил ослободен од одговорноста и премиерот Хашим Тачи.

Резултатите од тригодишната истрага шефот на Специјалниот истражен оперативен тим (СИТФ), обвинителот Клинт Вилијамсон ги претстави пред министерите за правда Хајредин Кучи, за внатрешни работи Бајрам Реџепи и за безбедносните сили Агим Чеку.

Вилијамсон вчера во Приштина се сретна и со претседателката на Косово, Атифете Јахјага, но не и со Тачи.

Извештајот на меѓународни истражители треба да биде објавен во текот на следната недела во Брисел.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски