„Коха Диторе“: Ештон побара проширување на овластувањата за заедницата на српски општини

Од:

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, во текот на вчерашната посета на Косово побара проширување на овластувањата за заедницата на српски општини, пишува денеска дневниот весник „Коха Диторе“.

Како што весникот наведува, замислено е заедницата на српски општини да има пошироки овластувања од оние кои ги има постојната Асоцијација на општини во Косово, а предложениот модел не бара уставни и законски измени.

-Новост е дека на асоцијацијата на српски општини и се признава правото да предлага во однос на централните институции на Косово, вклучувајќи го и правото на предлагање судии, обвинители, команданти на полицијата за северот на Косово и за сите останати позиции каде се бара именување од редовите на српската заедница. На централните институции им останува правото на именување, рече извор за весникот.

Според овие избори, Ештон  не претставила конечен план, но кажала дека останувајќи во рамки на сегашните законски решенија заедницата на српски општини треба да има пошироки овластувања од постојната Асоцијација на општините во Косово.

Вчерашната посета на Кетрин Ештин на Косово и Србија, инаку, беше завршена без конечен договор, а извесно е дека дијалогот продолжува на 20 март во Брисел. Најголем проблем во приближување на ставовите на двете земји и натаму остануваат овластувањата на идната заедница на српски општини на Косово.

Косовските лидери немаат ништо против формирање заедница, која тие ја нарекуваат „асоцијација“ на српски општини, но не даваат извршни овластувања. Србите од Косово се противат на какво било приближување со Приштина, а шефицата на европската дипломатија наведува дека таму имала отворени разговори  за нормализирање на односите.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина