ДПА – Хамбург
Патиштата на европските туристи и белгалците од Блискиот исток се вкрстуваат на грчкиот остров Лезбос – рај во Егејското Море каде пристигнуваат бранови мигранти во последниве месеци. Некои сопственици на одморалишта претпочитаат да ја игмнорираат кризата, но други се вклучуваат да помагаат.
Откако им објасни нешто на двајца туристи во екото на хаосот од море од бегалци на притаништето Митилини на островот Лезбос, вработен во компанијата за рентакар се извинува.
-Ужасно е тука, навистина, вели тој и брзо дополнува: „Во западниот дел од островот нема вакви нешта, се е спокојно“.
Турканиците се нешто вообичаено во повеќето летни одморалишта. Но одморалиштата на грчкиот остров Лезбос се соочуваат со уникатни бранови: маси од народ кои бегаат од сиромаштија, насилие и тортури.
Лезбос – третиот по големина грчки остров и дом на околу 90,000 луѓе, е претрупан од мигранти од Сирија, Авганистан и Ирак, кои се обидваат да стигнат до Европа. Над 200,000 бегалци пристигнале на островот само оваа година, велат од Високиот комесаријат за бегалци при ОН.
Многу од бегалците го запчнуваат своето патување од Турција кон Лезбос преку светкавите води на Егејското море.
Турскиот антички град Асос гледа од гребен на југ кон островот. Во подножјето на гребенот е заливот Кадрга – базен од зеленикаво сина вода ограден со хотели, одморалишта и традиционални крајбрежни ресторани.
Туристите излегуваат на прочетка по променадите, уживајќи на топлото средоземно сонце. Во маслиновите шуми зад нив се расфрлани по земја пластични шишиња, искористени пелени и друг отпад. Бегалците се шлаат по прашливите патишта чекајќи повик од нивните каналџии за отпловување кон Лезбос.
-Сето тоа е многу тажно, вели управител на ресторан во Асос клатејќи со главата. Во морето повторно се случуваат инциденти, вели тој, и бегалци, меѓу кои има и ѓени и деца гинат при преминувањето.
За обичните туристи едно место на ферибродот од Ајвалик во Турција до престолнината на Лезбос, Митили, чини само 20 евра. Истото патување на бротчето на каналџиите чини 1,200 евра, а бегалци од Сирија, Авганистан и Ирак си ги ризикуваат животите за да стигнат на територијата на ЕУ.
Независно колку платил патникот, со приближување кон островската престолнина глетката е една и иста: толпи од илјадници мигранти на пристаништето, шатори и испоседнат народ по кејовите и на пристаништето.
Кога ќе стапне на тврда земја, човек веднаш ги вади мокрите алишта и ги става да се исушат на постаменот на статуа во пристаништето, а млади мажи спијат по патеките во преполниот со отпад парк во Митилини.
Тоа е сцена која туристите ја избегнуваат по секоја цен.
-Не одиме до Митилини, рече една белгиска двојка на јужниот брег на островот. „Таму има многу бегалци, има многу отпад, многу мизерија има таму“.
Повеќето бротчиња вристигнуваат во северниот дел во Моливос – најпопуларната дестинација за туристите. Плажите тука, како и во Митилини, се преполни со испофрлани појаси за спасување и хаварисани бротчиња.
-Ситуацијата ескалира од мај, рече Мелинда Макрости, сопственик на ресторанот „Масата на капетанот“на пристаништето во Моливос. Ресторанот се претворил во центар за хуманитарната помош за бегалците.
Во мај неделно пристигнуваа по 200 бегалци, сега понекогаш и по три илјади на ден, вели Макрости која е родена во Австралија. Во рамките на обидите да помогне во бегалската криза, Макрости ја кординира работата на неколку хуманитарни организации и дсетици доброволци.
Во куќа на неколку стотини метри од ресторанот на Макрости, 64-годишниот Рудигер Колман прегледува куп кутии со нешта наменети за бегалците.
Роден во Германија, првично дошол на Лезбос на мирен однор, но решил да се вклучи во хуманитарната помош кога ја видел очајната ситуација на мигрантите.
-Едноставно не може ништо да не се стори, рече тој сортирајќи шатори, чифтови чевли и облека кои потоа ги разнесува по различни соби во куќата.
Во меѓувреме во привремениот собирен пункт во Моливос, стотици мигранти чекаат автобуси кои ќе ги превезат до Митилини или до бараките на некогашната казасран во реонот на Морија.
Меѓу нив е и Фахад, сириец, чии пантолони се се уште мокри од патувањето по цена од 1,200 евра во мало преполно бротче, заедно со уште 45 души неколку часа претходно.
Тој вели дека избегал од екстремистичката организација Исламска држава во неговата разнебитена од војната татковина.
-Тие учат 15-годишни деца како да убиваат, вели Фахад. „Не сакам никогаш повеќе да се вратам во Сирија“.
И Гада исто така пристигнала на Лезбос, заедно со својот сопруг и двете ќерки.
-Требаше сами да си купиме појаси за спасување, рече таа. „Потоа не качија на чамец и ни рекоа: Таму е Лезбос, со среќа!“
Неколку дена претходно, брод за крстарење пратен од владата собрал 1,700 бегалци од Лезбос и ги превезол во пристаништето во Пиреја на континентот.
-Тоа е многу малку, рече Софија, локален туристички менаџер. Таа изрази стравување делка ситуацијата на островот само уште повеќе ќе се влошува.
-Пред изборите (минатиот месец) политичарите преземаа дејствија за ситуацијата да не стане многу непријатна, рече Софија. „Но изборите минаа“, дополни таа.